„Салата да биде полна, да се вратат Комити и сите да треперат на терен“ (ВИДЕО)

Повратникот на клупата на Вардар, Веселин Вујовиќ ќе има далеку поинаков тим отколку во минатите два мандати меѓу „црвено-црните“.

Сега во тимот има и Шпанци и Французи, но и ракометари од Кувајт, Полска… Овој пат на почеток ќе биде доста интересно бидејќи нема да може на македонски и српски.

„Ќе биде доста интересно. Можеби нема да можам да ја пренесам емоцијата која вообичаено можам да ја пренесам. Обично работев низ земјите од поранешна Југославија и секогаш зборев на јазикот каде што работев. Сепак, мислам дека сум добро препознатлив во искажувањето на моите импресии и нема да биде тешко да ме разберат“, рече Вујовиќ.

Тој вели дека конечно очекува работите да тргнат во поинаков правец и веќе да се олабави со протоколите околу Ковид 19.

„Се надевам дека во новата сезона ќе не поштедат од лудилото со корона и ПЦР тестови. Сакам салата да биде полна, да дојдат комитите и сите да треперат кога ќе дојдат во сала“, изјави во свој стил Вујовиќ.