Сакате во карантин со Тимур Дибиров, Никола Митревски и „Џокер“? (ФОТО)

Во паузата додека нема натпревари и додека светот се занимава со коронавирусот многу повеќе отколку со спорт, медиа тимот на СЕХА лига објави интересен предлог.

Направи шест „куќи“ за карантин, во кои има по двајца ракометари од сехалигашите, по еден филм и по некој десерт.

Во куќата број 4, се наоѓаат Тимур Дибиров од Вардар и Никола Митревски од Еурофарм Пелистер.

Би сакале со нив да го гледате филмот „Џокер“ и да јадете „лава торта“?