САД ќе биде домаќин на квалификациите за Мундијалот во Шпанија

Светската ракометна федерација објави дека САД ќе биде домаќин на континенталниот шампионат за земјите од Северна Америка и Карипските земји.

Сите членки на Северна Америка и Карибите се поканети да учествуваат на турнирот, но многу е веројатно дека иако има 21 покана, на турнирот ќе учествуваат најмногу осум репрезентации. По пауза од 32 години, САД повторно ќе биде домаќин на еден женски квалификациски турнир за настап на Светско првенство.

Натпреварите ќе се одржат во периодот од 23 до 27 август во Северна Каролина, а домаќин ќе биде градот, Елгин. Победникот освен тоа што ќе стане шампион на континенталниот собир, автоматски ќе добие и пласман на Светското првенство во Шпанија.

Поради ковид пандемијата, ќе се игра според строги протоколи. Како главни фаворити уште од почетокот се истакнуваат репрезентациите на Куба и Порто Рико, доколку учествуваат во Елгин. Најавени се учества на домаќинот САД, Мексико, Доминиканската Репбулика, Гренланд…