Сагосен: Сакам да сум најдобар на светот, но не сакам да се однесувам како супер ѕвезда!

Норвежанецот Сандер Сагосен дресот на францускиот ПСЖ од лето ќе го замени со оној на германскиот Кил.

На завршниот турнир во ЛШ ќе играат и неговиот поранешен и неговиот сегашен клуб, па лесно може да се случи Сагосен веднаш да игра против ПСЖ.

„Се обидувам да тренирам колку што можам, бидејќи во новата сезона не чека луд програм и нема да имаме многу време. Од една страна тажен сум што заминувам од Париз бидејќи не ја исполнивме заедничката мисија, но од друга страна се надевам дека ме чекаат фантастични работи во Кил. Сакам да бидам најдобар играч во светот, но во исто време не сакам да се однесувам како супер ѕвезда, туку како добро момче што прави одлични работи на ракометните терени и надвор од нив“, вели Сагосен.

Со доаѓањето во Кил, Сагосен ќе формира одлично дуо со Домагој Дувњак, кое во секој момент ќе биде опасно за противничките голмани.