Сагосен не игра против „светците“, Барса без тројца во Брест

Во рамките од четвртфиналните натпревари во Лигата на шампионите, Барселона, Кил и Мешков Брест ќе настапат без неколку од ракометарите.

Десното крило на Барселона, Блаж Јанц има повреда на десниот скочен зглоб, а лекарскиот тим утврди дека треба да паузира. Поради тоа, Словенецот нема да може да им помогне на неговите колеги на патот кон трофејот.

Поради повреда, Аитор Арињо и Раул Ентрериос исто така нема да бидат во составот на Чави Паскал за натпреварот против Мешков Брест, додека досега повредениот Сорендо се враќа во ростерот.

Кил против ПСЖ најверојатно ќе настапи без својот лидер, Сандер Сагосен. Според информациите на неговиот клуб, Норвежанецот има инфекција, но не се познати многу детали и неговиот настап против екс клубот е неизвесен. Од клубот истакнуваат дека не станува збор за корона вирус.

Белорускиот шампион, Мешков Брест за натпреварот против Кил нема да може да смета на двата десни бека, Марко Паниќ и Павел Пачковски. Босанскиот интернационалец има вирусно заболување, додека Пачковски заработил повреда на лицето. Од претходно отсутни се Артем Селвасјук и Александар Шкуринскиј, за кои заврши сезоната.