Сагосен и Екберг ги надитрија „лисиците“

Кил на свој терен забележа победа од 32:26 над Фуксе Берлин и остана на второто место на табелата.

Фуксе Берлин одигра квалитетно прво полувреме и уште од самиот почеток беше во водство. Предводени од искусниот Ханс Линберг и добрата одбрана, Фуксе Берлин, имаше највисоки 9:14 во текот на 24. минута. Првиот дел заврши со резултат 13:16 за гостинската екипа.

Второто полувреме донесе сосема различна игра на актуелните шампиони на Европа. Со серија од неколку голови, главно преку Руне Данке, Кил успеа да го преземе водството и рутински го одржуваше до самиот крај.

Кил на овој натпревар беше предводен од Сандер Сагосен и Никлас Егберг со по шест погодоци. Во гостинската екипа од Берлин се истакна Ханс Линберг со седум голови. Голманот на Кил, Никлас Ландин имаше десет успешни интервенции, а гостинскиот голман, Дејан Милосављев имаше осум интервенции.

Фуксе  Берлин моментално се наоѓа на 5 место на табелата со 23 освоени бодови, еден помалку од четвртопласираната екипа на Магдебург.