Савица Мркиќ останува во Италија, но ќе игра за друг клуб

Македонската интернационалка Савица Мркиќ и во следната сезона ќе настапува во италијанскиот шампионат, но ќе игра за друг клуб.

Левиот бек беше најдобар стрелец минатата сезона на Гереире Мало и беше избрана за најдобар странец во Италија.

Мркиќ потпиша договор на една година со составот на Понтиниа, кој заврши на петтото место на табелата, а доколку двете страни бидат задоволни од соработката, договорот ќе биде продолжен за уште една сезона.

Левиот бек потекнува од школата на ѓорчепетровки и своевремено го носеше дресот на Еуростандард Ѓорче Петров, а потоа и на Кометал Ѓорче Петров. Во кариерата играше во Грција, Србија, Романија, Шпанија, Исланд, Германија, но и во Ангола.