Савевски објави список – еве кои 35 ракометарки се во комбинација за мундијалскиот бараж

Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Љубомир Савевски, го објави поширокиот список на ракометарки пред бараж двомечот за пласман на Мундијалот против Украина.

На списокот има 35 ракометарки, од кои 12 се интернационалки, додека 23 се од домашниот шампионат.

Нема поголеми изненадувања, ќе ја нема повредената Симона Маџовска, а во комбинација по долга пауза се враќаат Елена Ѓорѓиевска и Ивана Гакидова.

Првиот натпревар меѓу Македонија и Украина се игра на 8 април во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје од 19:00 часот, додека реваншот е во унгарскиот град Кишварда на 11 април со почеток во 17:00 часот.