Савевски: Заслуживме да победиме, но ракометарките загубија сила во клучните моменти

Женската младинска репрезентација на Македонија одигра само нерешено, 24-24, со Фарски Острови во натпреварот од второто коло на ЕХФ шампионат.

Селекторот Љубомир Савевски смета дека младинките заслужија да слават на оваа средба.

„Заслуживме да победиме со тоа што го покажавме на теренот вечерва. За жал, имавме две повреди, кои се покажаа решавачки, нашите ракометарки ја загубија силата во клучните моменти и не можевме да го добиеме мечот“, вели Савевски.

Следен предизвик за Македонија ќе биде мечот со Холандија в среда од 20:30 часот во СЦ „Јане Сандански“.