РФМ ја одби жалбата на битолчани за судењето во Купот и ги казни со 60.000 денари, службени порази во Женската лига…

Ракометната федерација на Македонија ги објави билтените за последните кола од Супер лигата, Женската лига и од Купот на Македонија.

Жалбата на Еурофарм Пелистер за арбитражата на мечот против Вардар во финалето на Купот на Македонија во Охрид, Дисциплинската комисија ја отфрли како неоснована.

Македонската куќа на ракометот ги казни битолчани со 60.000 денари по член 106 од Дисциплинскиот правилник, по дербито со Вардар што беше одиграно во салата „Боро Чурлевски“.

РФМ ги потврди и службените порази на Металург и Стружанка на мечевите од 8 коло, последното од плеј-офот во Женската лига. По 10-0 им додели победи и три бода на Пелистер, односно Куманово, а за поразените екипи следуваше и санкција од минус еден бод.