РФМ испрати допис до клубовите: Сите натпревари во следните 30 дена без публика! (ФОТО)

Ракометната федерација на Македонија испрати допис до сите клубови во кој ги известува дека сите натпревари треба да се играат без публика во следните 30 дена.

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок со министерот за здравство Венко Филипче, предложи да се забранат сите масовни собири на отворено и затворено, сите културни настани на ниво на државата и спортски натпревари во следните месец дена.

Министерот го достави предлогот до Владата, која одлучи да го прифати.

„Се забрануваат секакви спортски настани со публика во следните 30 дена на територијата на цела Македонија, како и јавни собири на отворено и затворено со над 1.000 луѓе“, изјави Филипче на прес конференцијата.

Во организација на РФМ веќе се играат натпревари во Суперлигата, Женската лига и Првата лига, а минатиот викенд започнаа и дуелите во дел од младинските лиги. Од утре па натаму, сите следни натпревари ќе се играат без публика.