Рустамов: Можеме до трите бода против Алкалоид

Ракометарите на Охрид во петок пред домашната публика ќе го одиграат натпреварот од 4. коло од плеј-офот од македонската Супер лига.

Противник е тимот на Алколоид, кој во полусезоната на два пати беше поуспешен од охриѓани.

Своите очекувања пред дуелот ги сподели левото крило на Охрид, Хазеин Рустамов.

„Не очекува тежок натпревар, и треба да бидеме максимално сконцентрирани на теренот, за да оствариме позитивен резултат. Ни треба победа и се надевам дека тоа и ќе го оствариме. Претходните дуели со Алкалоид ги загубивме несреќено, во крајните моменти ни фалеше концентрација. Овој пат мислам дека сме подобро подготвени, добро го анализиравме противникот, и мислам дека со силна игра во одбраната и нападот можеме да дојдеме до трите бода. Добра е што ќе играме пред полна сала, Рибарите ќе ни ја дадат поддршката, а ние ќе возвратиме со добра игра и се надевам победа“, изјави Рустамов.

Охриѓани на првите три натпревари од разигрувањето за титулата остварија една победа, против Еурофарм Пелистер 2, додека во дуелите со Вардар и Тиквеш беа поразени.

Од спротива тимот предводен од Кире Лазаров, во воведниот дел од плеј-офот забележа победа над Пролет, загуби од Еурофарм Пелистер, а со Тиквеш одигра нерешено.

Натпреварот меѓу Охрид и Алкалоид ќе се одигра на 3 март, со почеток од 20:00 часот, во спортската сала „Билјанини Извори“