„Руски пејач е виновен што си заминав од Барселона“

Белорусинот Сергеј Рутенка имаше одлична кариера, а можеби најдобрите играчки деновии ги помина во Шпанија во екипите на Сиудад Реал и Барселона.

Поранешниот репрезентативец на Белорусија, на едно телевизиско шоу зборуваше за причината заради која си заминал од Барселона во 2015 година, а е многу невообичаена.

„Како ја донесов одлуката да заминам е многу интересна тема. Пред да ја напушам Барселона долго време ги споредував добрите и лошите страни. Не знаев дали да останам или да заминам. Се сеќавам на приказната за која сè уште ми се смее сопругата. Се бричев во бањата, имав пуштено музика, а Лепс ја отпеа песната „Оди си убаво и живеј среќно“. Можеби тој е виновен што ја напуштив Барселона. Откако ја завршив кариерата повторно го слушав Лепс, но не најдов друга инспирација“, низ смеа објасни Рутенка.

Белорусинот за шест години поминати во Барселона освои пет шампионски титули во Аобал лигата и четири пати беше куп победник на Шпанија. Исто така во 2015 година ја освои и Лигата на шампионите. Од Барселона Рутенка замина во Катар, во екипата Лехвија.