Руска свирка за Вардар

Европската ракометна федерација ги делегираше арбитрите за следните натпревари од Лигата на шампионите.

Ракометарите на Вардар в недела ќе се соочат со унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед, а судиите доаѓаат од Русија.

Станува збор за Евегениј Зотин и Николај Володков, додека делегат на овој натпревар ќе биде Драган Начевски.

Двобојот меѓу Вардар и ПИК Сегед се игра на 14 февруари во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 18:00 часот.

По овој дуел, за вардарци следува гостување во Унгарија кај истиот ривал, два меча со норвешкиот Елверум и домашна средба со Мешков Брест.