Русите не се шегуваат – ја демолираа и Словачка

Репрезентацијата на Русија ја запиша третата победа во својот трет натпревар од групната фаза на Европското првенство откако беше убедлива против Словачка со 36:27.

Избраниците на Велимир Петковиќ победата ја обезбедија уште во првото полувреме, кое го одиграа во одлично издание, постигнаа 19 погодоци, додека Словачка успеа да постигне само девет во руската мрежа.

Андреев, Косоротов и Житников уште од самиот старт започнаа да го полнат голот на Словаците. Неизвесноста траеше само пет минути кога резултатот беше изедначен, 2:2. Во продолжението, позитивната разлика на Русија се зголемуваше од минута во минута.

По дваесетина минути игра, водството на ракометарите на Русија беше плус девет гола разлика, 15:6. Русите на полувреме заминаа со висока позитива од 19:9.

Во второто полувреме настана вистинска хаварија на домаќинот. Во еден момент водството на Русија беше 23:10 и 24:10. Покрај големиот број на грешки, дополнителен проблем за Словачка беше расположениот голман, Виктор Киреев. Последниот дел од натпреварот беше само чиста формалност.

Русија во првите два натпревари беше подобра од Литванија, односно Норвешка.

17 јануари 2022
27 - 36
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
17 јануари 2022 19:47 EURO22 F 2021/2022 17.01.2022 60'

Место

„СТИЛ АРЕНА“ КОШИЦЕ

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
СЛОВАЧКА927Пораз
РУСИЈА1936Победа

СЛОВАЧКА

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Теодор Паулголман00
2Оливер Рабеклев бек12
3Патрик Хрушчакдесен бек00
7Шимон Мачацпивот00
11Мартин Бријаткалево крило01
18Јакуб Прокоплев бек08
19Мартин Потискцентрален бек01
20Томас Урбандесно крило07
21Лубомир Дуришцентрален бек00
23Лукас Печилево крило01
30Марек Хнидакдесен бек02
39Томас Сметанкацентрален бек03
48Доминик Калафутпивот10
49Мартин Сланинкапивот22
67Маријан Зерновицголман00
81Јакуб Микиталев бек00
 Вкупно 427

РУСИЈА

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Артем Грушкоголман00
3Дмитри Санталовлев бек02
10Валентин Воробевцентрален бек01
17Александар Котовдесен бек00
20Михаил Виноградовлев бек01
23Роман Осташенколево крило03
24Дмитри Корневдесно крило03
30Александар Ермаковпивот03
44Игор Сорокалево крило01
76Радомир Врачевиќпивот02
78Павел Андреевпивот05
87Виктор Киреевголман00
89Дмитри Житниковцентрален бек03
98Никита Каменевдесен бек05
99Сергеј Марк Косоротовлев бек07
 Вкупно 036

ЕП 2022, ГРУПА Ф – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ДАНСКА33006
2ПОРТУГАЛИЈА32014
3ЧЕШКА31022
4ГРЦИЈА30030