Русите не грешат двапати, најдоа противигра за Украина

Селекцијата на Русија после ремито пред два дена денеска успеа да дојде до победа на втората средба против Украина со 30:28.

И овој дуел како и претходниот беше одигран на неутрален терен во Минск, а Русите беа подобриот противник во текот на сите 60 минути.

Двете полувремиња беа добиени со идентичен резултат. Русите ги добија со 15:14 така што успеаја да се изборат за триумф кој им донесе важни бодови во трката за место на ЕП.

Иако резултатот и во првото и во второто полувреме беше изразен со само гол предност, сепак, Русија имаше и поголемо водство. Украинците ги добија првите неколку минути кога имаа два гола позитива, а потоа сè беше во знакот на Русите кои имаа целосна контрола на играта.

Како што одминуваше времето до крајот на средбата само беше прашање со кја разлика ќе заврши оваа средба.

Сорока со осум, Котов со шест и Атман и Житников со по четири гола беа најефикасните на теренот во победничкиот состав, додека Кравченко и Жуков погодија по шестпати во Украина.