Романтично запросување, па брак – се омажи македонската репрезентативка Матеја Серафимова (ФОТО)

Македонската репрезентативна голманка Матеја Серафимова ова лето сигурно ќе го памети засекогаш.

Нејзиниот сакан Александро Стефановски и предложи брак за време на летниот одмор во турскиот град Бодрум.

Серафимова одговори потврдно на понудата, а веќе беше склопен и граѓански брак во Скопје.

Македонската голманка долги години го бранеше голот на Металург, пред да започне интернационална кариера.

По Металург беше дел од грчкиот ПАОК, чешката Славија Прага, данскиот Ринкобинг и израелскиот Макаби Аразим Рамат Ган, австрискиот Егенбург, а сега е дел од Штокерау, со кој го продолжи договорот за уште две сезони.