Романтично запросување во Италија – Танкоски му кажа збогум на ергенлакот (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Марио Танкоски, паузата меѓу двете сезони ја искористи на убав начин.

Ракометарот на шампионот Еурофарм Пелистер ја побара за сопруга долгодишната девојка Ана Станикевска, а од неа доби потврден одговор.

Романтичното запросување се случи во Капри, италијански град каде двојката го минува летниот одмор.

Танкоски стана првак на Македонија, а сега има уште една прилика за славење пред новите предизвици со Еурофарм Пелистер.