Романија не успеа да стигне до полуфинале, но финишираше на 5. место на ЕП

На ден пред финалните натпревари на ЕП за младинки во Словенија се одиграа другите натпревари за пласман, а Романија успеа да се позиционира највисоко од нив освојувајќи го 5. место откако беше подобра од Данска со 28:21.

Романките уште на полувремето имаа одлична предност од 15:10 и ова водство во продолжението без многу проблеми го сочуваа за пласман на 5. место на ЕП.

Хрватска оствари голема победа против Германија со 24:20 и првенството го заврши на 7. поцизија. Првиот дел беше многу израмнет, на полувреме беше 12:12 но во продолжението Хрватска успеа да стигне до триумф.

Откако групната фаза ја заврши со три порази, Норвешка во борбата за пласман оствари три победи и се пласираше на 9. место. Денеска славеше над Чешка со 33:27. Во дуелот за 11. место Швајцарија ја победи Словачка со 33:28.

Во натпревар за пласман на 13. место, Црна Гора беше подобра од Австрија со 33:31, а на 15. позиција се пласираше селекцијата на Словенија со оглед на тоа што Португалија не играше на ова првенство поради повеќе позитивни случаи на Ковид 19.

НАТПРЕВАРИ ЗА ПЛАСМАН, РЕЗУЛТАТИ

НАТПРЕВАР ЗА 5. МЕСТО

РОМАНИЈА – ДАНСКА 28:21 (15:10)

НАТПРЕВАР ЗА 7. МЕСТО

ХРВАТСКА – ГЕРМАНИЈА 24:20 (12:12)

НАТПРЕВАР ЗА 9. МЕСТО

НОРВЕШКА – ЧЕШКА 33:27 (15:8)

НАТПРЕВАР ЗА 11. МЕСТО

ШВАЈЦАРИЈА – СЛОВАЧКА 33:28 (15:11)

НАТПРЕВАР ЗА 13. МЕСТО

ЦРНА ГОРА – АВСТРИЈА 33:31 (15:15)