Роденденска честитка за Лазаров: Посакуваме времето да не лета, засекогаш да те гледаме на терен!

Македонската легенда Кире Лазаров денеска наполни 42 години, а меѓу другите роденденска честитка пристигна и од Европската ракометна федерација.

Медиа тимот на ЕХФ имаше оригинална честитка и на профилите на социјалните мрежи објави видео компилација.

„Денеска полни 42 години, а ние посакуваме времето да не лета, за да можеме засекогаш да те гледаме на теренот. Среќен роденден, Киро…“, напишаа од ЕХФ.

Крајот на блескавата кариера на Лазаров е блиску, а во продолжение може да ги погледнете дел од неговите најубави погодоци.