Рниќ: Металург е голем клуб, македонската лига е меѓу најсилните во Европа (ВИДЕО)

Едно од новите засилувања за тимот на Металург, кое се очекува да биде меѓу носителите на играта е српскиот лев бек Момир Рниќ.

Некогашниот српски репрезентативец доаѓа со големо искуство стекнато во Бундес лигата во Рајн Некар Левен, Гепинген и Мелсунген, а пред Металург играше за матичниот Пролетер Зрењанин.

Рниќ вели дека македонската лига е меѓу најсилните во Европа и дека Металург има сили да се бори со Вардар и Еурофарм Пелистер за домашните трофеи.

„Бундес лигата можеби е најсилна лига, но македонската е исто така меѓу најдобрите во Европа. Ние се засиливме, Вардар и Еурофарм Пелистер исто така, но ние ќе се обидеме да се прикажеме во добро светло, да се бориме против нив и да пробаме да ја освоиме титулата“, вели Рниќ.

Целосното интервју може да го погледнете во видео прилогот…

Тарабокија: Имав и други понуди, но кога видов дека Металург се враќа на старото ниво – немав дилеми

Златко Хорват: Не дојдовме во Металург без врска, сакаме битка за титула (ВИДЕО)

Канкараш: Како млад гледав видеа од Вардар и Металург, сега ќе бидам дел од тие мечеви