Тарабокија: Имав и други понуди, но кога видов дека Металург се враќа на старото ниво – немав дилеми

Едно од новите засилувања за тимот на Металург е средниот бек Марко Тарабокија, кој во Автокоманда доаѓа од унгарскиот Чурго. Хрват кој игра за сениорската репрезентација на БиХ, а има медали од мундијалите со младите селекции на Хрватска.

Тарабокија, кој полека се враќа во форма по повредата што ја имаше во Полска, пред Чурго одигра полусезона и во хрватскиот Сесвете.

Претходно мина шест години во Полска во Азоти Пулави и Висла Плоцк, со која играше во Лигата на шампионите.

„Имав и други понуди по завршувањето на краткиот договор со Чурго, а кога за Металург потпишаа Хорват, Потиќ, Канкараш и Рниќ, сфатив дека тимот се враќа на старото ниво и немав дилеми дека треба да потпишам договор“, вели Тарабокија.

Во дресот на Висла Плоцк, босанскиот репрезентативец имаше одлични натпревари против Вардар.

„Искрено се надевам дека и во дресот на Металург ќе имам добри натпревари против Вардар. Едни од најдрагите натпревари во кариерата ми се токму тие против Вардар“, вели Тарабокија.

Металург во моментов се наоѓа на подготовки во Маврово и се подготвува за турнирот во Струга што треба да се игра од 12 до 16 август.

Целосниот разговор погледнете го во видео прилогот….

Ако сте ги пропуштиле, погледнете ги разговорите со Златко Хорват и Бранко Канкараш за 24ракомет ТВ.

 

Златко Хорват: Не дојдовме во Металург без врска, сакаме битка за титула (ВИДЕО)

Канкараш: Како млад гледав видеа од Вардар и Металург, сега ќе бидам дел од тие мечеви