Канкараш: Како млад гледав видеа од Вардар и Металург, сега ќе бидам дел од тие мечеви

Едно од новите засилувања сезонава за тимот на Металург е црногорскиот репрезентативец Бранко Канкараш. Тој е дел од неколкуте звучни имиња што тимот од Автокоманда ги донесе во намерата екипата повторно да биде сериозен играч во распределбата на трофеите во домашното првенство.

Пикерот потпиша договор на една сезона и во Македонија доаѓа од белорускиот Мешков Брест.

„Не мислев дека ќе се вратам во овој дел од Европа по настапите за Мешков Брест, но проектот на Металург е фантастичен. Ако се гледа традицијата, навивачите, популарноста, тогаш Металург е многу пред Мешков, иако имаше проблеми со финансиите во последно време“, вели Канкараш.

Покрај Металург, силни ростери имаат и Вардар и Еурофарм Пелистер, а Канкараш вели дека тимот од Автокоманда ќе јуриша на титулата. На секој натпревар ќе одат на победа.

„Порано гледав видео клипови од дуелите меѓу Вардар и Металург, а сега ќе можам и да бидам дел од нив. Македонското првенство ќе биде едно од најинтересните, мислам дека кога ќе дојде главното во плеј-офот и гледачите ќе можат во сала, па не чекаат многу неизвесни натпревари“, вели Црногорецот.

Зошто реши да дојде во Скопје, дали е хендикеп за Металург што нема да игра сезонава во СЕХА лигата, што очекува од првиот турнир на кој ќе настапи за македонскиот тим во Струга…

Целосното интервју со Бранко Канкараш погледнете го во продолжение…