РК Алушовски со силен отпор во Струмица, но Астраион ги освои бодовите

Составот на Астраион продолжува со одличната форма, а иако наиде на одличен отпор од тимот на РК Алушовски дојде до нов триумф овој пат со 30:26.

Астраион имаше контрола на средбата и успеа да дојде до предност после првото полувреме. Водеше со 17:16, но гостите покажаа дека можат да парираат, па ова беше одлична средба.

Почетокот на вториот дел мина во израмнета игра, а нијанси решаваа за тоа кој ќе влезе со предност во завршницата. Подобри во тој дел беа домашните кои успеа да ги добија поселдните 20 минути и да имаат контрола во нив така што накрајот се радуваа на нови бодови и се на добар пат кон место во плеј-офот.

АСТРАИОН – РК АЛУШОВСКИ  30:26 (17:16)

Сала: „Парк“ во Струмица. Гледачи: 600. Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје. Делегат: Русе Наумовски од Скопје.

АСТРАИОН: Пероивановиќ, Димовски, Гоџиров, Рингов, М. Караиванов 7, Наков 7, Котевски, Велков, Спасов, Кавазов 1, В. Караиванов, катранџиев 3, Касапов 4, Кочев 1, Ефтимов, Ончев 7.

Седмерци: 3/3, Исклучувања: 10 мин.

РК АЛУШОВСКИ: Павловски 1, Ивановски, Деспотовски, Абдулкорим, Пановски, Па. Атанасиевиќ, Донев 5, Петровски 4, Крстевски, Рачевски 2, Стерјев 1, Андоновски 9, Пе. Атанасиевиќ 3, Хазир 1.

Седмерци: 3/5, Исклучувања: 10 мин.