Ристовски: Сами сме си виновни за поразот!

Ракометарите на Вардар на денешното гостување во Битола беа поразени од Еурофарм Пелистер со 26:23 и доколку битолскиот тим не киксне во последните две кола, тогаш Битола ќе се радува на шампионската титула.

Голманот Борко Ристовски беше солиден на голот, но немаше голема поддршка од одбраната на своите соиграчи.

,,Во поголемиот дел од натпреварот бевме во негатива, сами сме виновни за поразот, имавме џокер натпревар, не одигравме квалитетен натпревар против Алкалоид, кикснавме таму и тоа не чинеше, сепак, одиме напред. Не верувам дека Еурофарм Пелистер може да киксне на последните два дуели, првенството е квалитетно, но мали се шансите да загуби” изјави Ристовски.

Вардарци во последните две кола играат против Тиквеш и Алкалоид, додека Еурофарм Пелистер против Охрид и тимот од Кавадарци.

 

Битола почнува да слави – Еурофарм Пелистер на два чекори до титулата