Ристовска со ЦСКА Москва против европскиот првак Ѓер и екс вардарките од Будуќност

Покрај групите за машката, вечерва во Виена беа извлечени и групите за женската Лига на шампионите.

Македонија нема да има претставник, а само една наша репрезентативка ќе игра во елитната конкуренција.

Станува збор за десното крило Сара Ристовска, која по една година пауза се враќа во ЛШ со рускиот тим ЦСКА Москва.

Ристовска и нејзиниот тим се најдоа во групата Б, и ќе играат со европскиот шампион Ѓер, со црногорската Будуќност, незгодниот Брест Бретањ…

Првото коло во женската ЛШ е планирано за 12 или 13 септември.

Група А: Мец, Ростов, Кристијансанд, Есбјерг, ЧСМ Букурешт, Ференцаврош, Битигхајм, Крим 

Група Б: Валчеа, Ѓер, Будуќност, Борусија Дортмунд, Брест Бретањ, ЦСКА Москва, Оденсе, Подравка