Ристовска на ниво, ЦСКА Москва далеку од трофејот во рускиот Супер куп

Со натпреварот меѓу ЦСКА Москва и Ростов Дон беше отворена сезоната во шампионатот на Русија во женска конкуренција. Сара Ристовска и колешките не успеаја да му се спротистават на шампионот, па загубија од Ростов Дон со 20:27.

Уште во првото полувреме беше јасно дека Ростов Дон ќе дојде лесно до победа. После 30 минути имаше 16:9 и ова беше и повеќе од доволно за да може да се одигра мирно второ полувреме и да се освои нов пехар.

Сара Ристовска одигра 27 минути, а за тоа време постигна два гола од три обиди.

Во новата сезона ЦСКА Москва очекува многу повеќе од лани, но денеска се виде дека Ростов Дон сè уште е многу понапред со квалитет и ќе биде навистина тешко да се парира.