Ристовска и ЦСКА останаа без тренер: Јан Лесли замина од Москва

Пред четвртфиналните дуели од Лигата на шампионите против ЧСМ Букурешт, рускиот тим ЦСКА Москва остана без тренер.

Данецот Јан Лесли и раководството на тимот од Москва се договорија да ја прекинат соработката што требаше да трае најмалку до крајот на оваа сезона.

Од клубот на официјалната страна објавија дека не се најзадоволни од перформансите на тимот, иако беше обезбедено место во четвртфиналето на ЛШ во деби сезоната, но на сите натпревари во домашните конкуренции ЦСКА загуби од големиот ривал Ростов.

Во продолжение од сезоната клубот каде што игра македонската репрезентативка Сара Ристовска, ќе го водат досегашниот асистент на Лесли – Олга Акопјан.