Ристовска и ЦСКА Москва ќе се борат за трофеј во Купот на Русија среде лето

Македонската репрезентативка Сара Ристовска и нејзиниот тим ЦСКА Москва, ќе се борат за титулата во одложениот завршен турнир во Купот на Русија среде лето.

Турнирот на кој ќе биде домаќин токму ЦСКА Москва во салата „Игровој“ ќе се игра на 19 и 20 август, како најава за почеток на новата сезона во Русија.

Покрај ЦСКА Москва, на турнирот ќе настапат и шампионот Ростов Дон, како и Кубан и Астраханочка.

Освен домашните обврски, ЦСКА Москва и Ристовска ќе играат и во Лигата на шампионите, а првиот натпревар ќе се игра на 12 или 13 септември.