Ристовска и ЦСКА Москва немаа милост за Подравка

Ракометарките на ЦСКА Москва во денешниот натпревар против Подравка во рамките од Лигата на шампионите немаа многу проблеми и забележаа убедлива победа од 20:36, во натпревар каде ЦСКА Москва беше формално гостин на свој терен. На полувреме резултатот беше 10:16 за екипата предводена од Јан Лесли.

Репрезентативката на Македонија, Сара Ристовска одигра уште една одлична партија во московскиот дрес и постигна четири погодоци од пет обиди.

Најефикасна ракометарка во ЦСКА Москва беше Дариа Дмитриева со шест погодоци. Гркинката во редовите на Подравка, Ламприни Цакалу ја предводеше листата на стрелци во својата екипа со седум погодоци.

Денешната победа над Подравка беше 10-та победа за ЦСКА Москва во дебитантната сезона во Лигата на шампионите. Во А групата, руската екипа го задржа првото место со 21 бод.

Следен предизвик за Сара Ристовска и ЦСКА Москва се натпреварите од домашниот шампионат.