Ристовска и ЦСКА Москва газат се пред себе – постигнаа 52 гола против некогашниот европски првак!

Тимот на ЦСКА Москва покажа дека годинава ќе биде главен фаворит за титулата во рускиот шампионат.

Клубот во која игра македонската репрезентативка Сара Ристовска, забележа нов триумф, овојпат над Звезда Звенигород, екс европскиот првак со 52-37.

Десното крило стрелаше три пати од четири обиди, а на теренот мина петнаесетина минути, бидејќи тренерот Олга Акопјан им даде шанса на оние со помала минутажа.

ЦСКА Москва сега има 13 победи на исто толку натпревари и 26 бода на првото место, втора е Лада со 20, а исто толку има и Ростов Дон на третата позиција.