Ристовска добива нова колешка: ЦСКА Москва пред потпис со данска репрезентативка

Амбициозниот проект ЦСКА Москва од кој е дел репрезентативката на Македонија, Сара Ристовска продолжува да го формира и засилува тимот.

Најновото засилување на ЦСКА Москва е репрезентативката на Данска, Кетрин Хејндал. Таа настапува на пикерската позиција и се очекува да биде големо засилување за тимот каде што се очекува да пристигне во летото 2020 година.

Тренерот на екипата од Москва, Јан Лесли добро ја познава Хејндал бидејќи претходно и беше тренер во Рандерс. Тој ја забележа додека настапуваше во Холстебро и во 2013 ја донесе во клубот кој го тренираше тогаш. Потоа Хејндал остана четири години во Рандерс пред да се пресли во Оденсе од каде што сега заминува во ЦСКА Москва.

Катрин Хејндал својата кариера ја започна во 2007 година во екипата на ГОГ каде играше до 2010 година, потоа имаше кратот претстој во Оденсе пред да се приклучи на Холстебро.

Трансферот на Хејндал сè уште не е реализиран, но прашање на време е кога тоа ќе биде официјално бидејќи Оденсе веќе ја најде нејзината замена. Ова би било остварување на сонот на 27-годишната ракометарка да настапува во странски клуб.