Ристова го закажа првиот собир на ЖРК Вардар

По повеќе од четири месеци пауза откако беше прекината сезоната ракометарките на ЖРК Вардар повторно ќе се соберат и ќе продолжат со тренинзи.

Тренерот Драгана Ристова почетоткот на подготовките го закажа за 3 август. Најверојатно првиот дел подготовките ќе се реализира на отворено на кејот на реката Вардар бидејќи сè уште нема протоколи од владата за работа во сала.

Во пресрет на наредната сезона Ристова ќе има подмладен тим од кој си заминаа најдобрите стрелци Андреа Седлоска и Марија Николиќ, а исто така клубот го напуштија уште четири ракометарки.

Во екипата има две нови имиња, тоа се Михаела Стојановска која пристигна од Металург и Јасмина Попова од Гевгелија. Првенството во женска конкуренција треба да започне во вториот дел од септември.