Риниа-М го совлада Партизан, Емини сам постигна повеќе од пола голови

Ракометарите на Риниа-М успешно ја започнаа борбата за опстанок во плеј-аут натпреварувањето од Првата машка лига со победата во првото коло на домашен терен над Партизан од Гевгелија со 31:28.

Гостинскот тим подобро започна и во поголемиот дел од првото полувреме беше во водство. Сепак, во завршните минути Риниа-М успеа да го сврти резултатот и на полувреме да замине со плус три, 15:12.

Во продолжението се играше доста израмнето. Партизан многу брзо ја стопи негативата и повторно беше во игра за позитивен резултат. Во завршницата гостите поведоа со 26:25, но следуваше серија на Риниа од 4:0 со која ја обезбедија победата.

Убедливо најефикасен на натпреварот беше Орхан Емини кој ја водеше Риниа-М до победата со 16 гола што беше повеќе од половината кои ги постигна неговата екипа, а седум гола постигна Исмаили. Во екипата на Партизан најдобар беше Тодор Узунчев со 11 погодоци.