Ривали за Гинис – Во исто време на терен беа ракометари од 14 и 69 години!

Несекојдневна ситуација се случи на натпревар во една од пониските лиги во Грција каде што на терен се најдоа ракометари со неверојатни 55 години разлика кои ги заслужуваат сите пофалби.

Ова веројатно е единствен случај и сигурно кандидат за Гинисов рекорд на разлика во години на ракометари кои играле на еден натпревар и двајцата постигнале голови.

Димитирис Костопулос е играч на Кукуш и има само 14 години, додека од спротивната страна играше Алекос Кацунис за екипата Македон, ракометар кој сè уште е активен на терените и на 69 години.

Фотографијата на која се наоѓаат двајцата ракометари е вистински пример за тоа колкава може да биде љубовта кон ракометот. Ова е вистинска позитивна промоција на ракометот во Грција.

Младиот ракометар ја покажува желбата да ја продолжи семејната традијција, додека постариот љубовта кон ракометот ја искажува пренесувајќи ја на помладите.