Ривалите од Полска донираат пари за спас на Келце!

Акцијата за спас, односно за пополнување на буџетот на полскиот првак Келце напредува одлично.

По една седмица, Келце веќе собра 13% од планираните 560.000 евра, а денеска донираше и еден од нивните ривали во Полска.

Првиот човек на тимот на Стал Миелец, Роман Ковалик, уплати 5.000 полски злоти или околу 1.100 евра во акцијата за спас, а со објавата на социјалните мрежи ги повика и другите клубови да го сторат тоа.

Ако продолжи акцијата со ист интензитет, Келце сигурно ќе ја собере посакуваната сума и ќе може помирно да ја започне новата сезона без поголеми потреси.