Рецепт за злато: Еден мал Лино, еден голем Дувњак, малку Ашанин…гответе на најјако 60 минути! (ФОТО)

Репрезентациите на Шпанија и на Хрватска од 16:30 часот ќе се судрат на теренот во Стокхолм во битката за златниот медал на Европското првенство.

Двете репрезентации покажаа најмногу на овој шампионат и денеска ќе имаат борба за трофејот.

Тие веќе одиграа еден натпревар во групната фаза. Во средата резултатот беше 23:23 откако Хрватите пропуштија шанса за победа.

На социјалните мрежи навивачите сепошегуваа и го открија рецептот за златен медал. Еден мал Лино, еден голем Дувњак, еден Хорват, малку Ашанин…гответе 60 минути и за крај додадете една рака гласни и пркосни Хрвати, како прилог шпанска салата!