Репрезентацијата потфрли на СП, ама мак-клубовите сепак нешто и заработија

Машката репрезентација на Македонија не ги исполни очекувањата од настапот на Мундијалот во Полска и Шведска и на крајот ќе заврши на 27 или 28 место во конечниот пласман, но клубовите од каде што доаѓаат репрезентативците ќе добијат бонуси за нивното отсуство, кои се зголемени за 20% во однос на претходниот Мундијал. ИХФ доделува парични бонуси за екипите што даваат играчи на секое СП.

Висината на бонусите зависи од местото што ќе го освои репрезентацијата. Слабиот пласман на Македонија, значи дека и клубовите од кои доаѓаат македонските репрезентативци ќе добијат најмали бонуси во споредба со повисоко рангираните селекции на ова СП.

Најмногу добиваат клубовите чии играчи ќе бидат рангирани од 1 до 4 место (по 480 швајцерски франци по ден), оние од 5 до 8 место добиваат по 360 франци итн. ИХФ исплаќа сума од 90 франци од секој натпреварувачки ден, односно за секој настап на ракометарите за оние селекции со пласман од 25 до 32 место, 120 франци за оние ракометари што настапиле за репрезентации од 17 до 24 место итн…

Од македонската Супер лига на СП беа селектирани 16 ракометари за нашата репрезентација, а на Мундијалот настапија и по еден ракометар за Црна Гора, Словенија и Полска.

Најмногу репрезентативци на СП имаше Вардар (пет во Македонија и еден во Полска) и ќе добие најголем бонус, додека Еурофарм Пелистер е втор на листата. Подолу го имате комплетниот преглед на бонусите на сите македонски клубови што даваат репрезентативци на овој Мундијал.

Бонуси од ИХФ за клубовите што имаат репрезентативци на СП:

480.00 швајцарски франци (1-4)
360.00 швајцарски франци (5-8)
240.00 швајцарски франци (9-16)
120.00 швајцарски франци (17-24)
90.00 швајцарски франци (25-32)

Бонуси од ИХФ за македонските клубови:

Вардар – 4.410 швајцарски франци
Томовски (7×90)
Талески (7×90)
Георгиевски (6×90)
Манасков (7×90)
Савревски (6×90)
Чувара (6×240)

Еурофарм Пелистер – 3.600 швајцарски франци
Костески (7×90)
Павле Атанасијевиќ (2×90)
Пешевски (7×90)
Лесјак (6×240)
Радовиќ (6×120)

Алкалоид – 2.970 швајцарски франци
Маркоски (7×90)
Младеновиќ (6×90)
Стојковиќ (6×90)
Ѓоргиев (7×90)
Серафимов (7×90)

Пролет – 720 швајцарски франци
Џонов (7×90)
Јагуриновски (1×90)

Еурофарм Пелистер 2 – 360 швајцарски франци
Петар Атанасијевиќ (4×90)

*во пресметките кај македонските репрезентативци од Суперлигата е пресметан и утрешниот натпревар со Јужна Кореја, сметајќи дека сите ќе бидат во ростерот 

Дел од ракометарите во меѓувреме ги сменија играчките средини и преминуваат во други клубови, но бонусите од ИХФ ќе ги добијат клубовите од кои беа селектирани за ова СП.

За Македонија останува уште една обврска на овој Мундијал, а тоа е пресметката против Јужна Кореја што се игра утревечер од 18 часот во „Орлен Арена“ во Плоцк.