Репрезентативците „кршеа лепче“: Паричката падна кај пикерите

Традиционално при секој репрезентативен собир во јануари се почитуваат и празниците, па денеска имаше и кршење на лепче.

Годинава среќник е пивотот на репрезентацијата на Македонија и на тимот на Штутгарт, Жарко Пешевски.

Паричката се падна кај него така што според верувањата ова треба да биде среќна година за него и сигурно ќе донесе добри игри од негова страна во националниот тим што секако ќе биде одлично со оглед на тоа колку важни натпревари претстојат.

Денеска ракометарите има можност за прославување на традиционалниот празник, а секако првиот дел беше во рамки на репрезентацијата. Момците ги очекува уште една контрола против селекцијата на Чиле која ќе биде одиграна в недела, а секојдневно се очекува и можност за учество на Мундијалот во Египет доколку неколка селекција се откаже од играње на шампионатот.