Рајн Некар со нов кикс, загуби и од Хамбург!

Екипата на Рајн Некар во натпревар од 24. коло во Бундес лигата повторно направи нов кикс.

Тимот од Манхјамн по втор пат беше изненаден од амбициозниот тим на Хамбург, загуби со 35:32.

На првиот меѓусебен дуел, кој беше одигран на 6 ноември, подобар беше Хамбург со 40:37.

Рајн Некар во претходното коло загуби убедливо од Лајпциг со 37:29, но и покрај двата порази во серија, останува во игра за шампионската титула.

Лидер на табелата во Бундес лигата е Фуксе Берлин со 39 бода, потоа следува Рајн Некар со 37 бода, на третото место е Кил со 36 бода, додека актуелниот шампион Магдебург има 35 бода.

Следен предизвик за Рајн Некар ќе биде гостувањето кај Лемго на 30 март.