Рајн Некар остана без голмани!

Германската екипа Рајн Некар пред крајот на сезоната се соочува со проблеми со повредени ракометари. Првите голмани на екипата, Андреас Паличка и Микаел Апелгрен се надвор од терените поради повреда.

Во натпревар од Бундес лигата против Балинген се повреди и третиот голман, Николас Кацијанис, што беше доведен како замена за Апелгрен.

Грчкиот интернационалец поради повреда мораше да го напушти теренот и не се знае точно колку ќе трае неговата пауза. Од раководството на клубот се надеваат дека ќе го имаат на располагање на останатите дуели.

Стручниот штаб на екипата од Манхајм немаше друго решение освен во игра да го внесе и нивниот четврти голман, Давид Шпет. 19-годишниот голман се покажа во добро светло, но не можеше да има големо влијание на самиот резултат.

До крајот на сезоната, Рајн Некар треба да одигра уште пет натпревари во Бундес лигата. Моментално екипата е на 4. позиција на табелата.