„Раул ни всади мисла дека сме најдобри и дека може да ги победиме сите“

Русинот кој беше дел од Вардар во периодот од 2015 до 2017 година, Александер Деревен во интервју за руските медиуми се присети на завршниот турнир во Келн во 2017 и атмосферата во екипата.

Членот на ЦСКА Москва зборуваше и за адаптирањето во Скопје во што му помогнале неговите сонародници во клубот кои имаа подолг стаж во Вардар.

„Немав потешкотии при преминувањето во Вардар. Иако бев загрижен многу ми помогнаа моите сонародници кои беа пред мене таму. Каков проблем и да имав тој беше веднаш решен“ коментираше Деревен.

Со Вардар стигна до титулата европски шампион, но начинот до кој успеа да стигне екипата на завршниот турнир во Келн ниту самиот тој не може да го објасни.

„Па како ја освоивме титулата европски шампоион, тоа подобро да го прашате тренерот Раул Гонзалес. Кога пристигнавме во Келн многу новинари велеа дека тоа е нашиот максимум. Тие не можеа да сфатат како всушност ние стигнавме до тука и веднаш не ставија на четвртото место. Но нашиот тренер велеше дека го има најдобриот состав и мора да ги победиме сите. Тоа постојано ни го повторуваше и ни влезе во главите. Така и ние верувавме кога пристигнавме во Келн – тука сме само за да победиме“, рече Деревен.

Деревен во меѓувреме го продолжи договорот со екипата на ЦСКА Москва за уште една сезона.