„Раул ме научи како да им го пренесувам знаењето на децата, жал ми е што замина од Вардар“

По играчката кариера, Драгана Ристова успешно гради и тренерска кариера. Вели дека имала среќа тренерските почетоци да се совпаднат со доаѓањето на Раул Гонзалез во Вардар.

Паралелно со Модулите, го имаше Шпанецот за свој ментор и три години учи од него и од неговите тренинзи.

„Имав голема среќа што моите почетоци на тренерска кариера се совпаѓаат во доаѓањето на Раул Гонзалез во Вардар. Тој беше на располагање на сите и доколку сакаш да научиш беше отворен за соработка. Имавме интерни семинари со него, тренерите од Академијата и многу научив од Раул. Три години соработувавме, а јас ги следев, запишував и ги снимав тренинзите, за да не пропуштам нешто (се смее). Ми даде сосем поинакви видици од она што јас како визија го имав пред да почнам со тренерската работа. Ме научи како да им го пренесам знаењето за ракомет на децата, што е многу специфично. Како играч ја имав ракометната основа, но не можеш да бидеш тренер без да научиш како. Го сметам за мој ментор и денеска сме во контакт, и бев многу разочарана кога го најави своето заминување од Вардар, затоа што останаа некои работи и детали кои требаше да ми ги покаже“ – се потсетува Пецевска Ристова.

Потоа продолжува сама, иако во еден период соработува и со нејзината сестра Билјана (исто така поранешна ракометарка и тренер), потоа Симе Симовски, односно Билјана Црвенкоска е со неа на клупата на овој тим, за по распадот на шампионскиот ЖРК Вардар, Пецевска да одлучи да остане во клубот кој го превземаат Гордана Нацева и Индира Кастратовиќ.

Целосното интервју со Драгана Ристова прочитајте го во продолжение…

ИНТЕРВЈУ ДРАГАНА РИСТОВА: Најтешко е од семка да извадиш стебло, затоа сум горда на успехот на ЖРК Вардар!