Раул и ПСЖ останаа на подолго време без еден од левите бекови

Францускиот шампион ПСЖ и неговиот тренер Раул Гонзалес на подолго време ќе останат без услугите на еден од левите бекови.

Станува збор за Јоан Жибелен, кој се повреди за време на натпреварот против селекцијата на Јапонија во Токио.

Медицинските прегледи покажаа дека Жибелен има скршеница на левата нога, па веднаш му беше извршена операција во Париз.

Раул останува со Елохим Пранди како прв избор на левата бековска позиција, а може да помогне и новото засилување од Фуксе Берлин – Јакоб Холм.

Жибелен сигурно нема да настапува до крајот на годината, а парижаните го очекуваат во строј по ЕП 2024 година.