Раул и ПСЖ добиваат нова арена за 8.000 гледачи (ФОТО)

Францускиот шампион ПСЖ најдоцна до 2023 година би требало да добие нова арена. Таа би требало да има капацитет од 8.000 гледачи и ќе биде користена и за Олимписките игри во Париз во 2024 година.

Покрај главната сала, би требало да има уште две мали сали, а покрај ракометниот клуб ПСЖ, таму би требало да игра и кошаркарскиот клуб Париз Баскет.

Клубот предводен од Раул Гонзалес ќе ги игра најинтересните натпревари од француската лига и од Лигата на шампионите во оваа арена, додека другите термини ќе бидат користени за концерти, бадминтон, борење и бокс.

Останатите натпревари ПСЖ ќе ги игра во „Стад де Кубертен“, која има капацитет од 4.000 гледачи.