Раул и Кристопанс нема да дојдат во Скопје, ќе биде одложен и вториот двобој меѓу Вардар и ПСЖ

Натпреварот меѓу Вардар и ПСЖ што требаше да се игра на 10 декември во СЦ „Јане Сандански“ веројатно ќе биде одложен. Токму на овој датум ќе заврши изолацијата на вардарци, но сигурно нема да биде можно веднаш да излезат на терен и да играат натпревар.

Тоа значи поранешните членови на „црвено-црното“ семејство, Раул Гонзалес и Даинис Кристопанс нема да дојдат во Скопје, барем не оваа година.

Ќе им бидат потребни најмалку уште десетина дена вардарци за тренинзи за да се вратат во ритам, но во тој период ќе почнат подготовките на репрезентациите за Мундијалот во Египет и нејасно е колку ќе може да се одиграат одложените средби до Нова Година.

Плус ќе се игра и завршниот турнир во Келн, па ПСЖ нема да прифати да игра многу натпревари пред големиот настан. Многу е веројатно дека двете меѓусебни средби на македонскиот и францускиот првак ќе се играат во 2021 година.

Претходно беше најавено дека одложената средба со Елверум би можела да се игра во последната недела од декември, но останува тоа да биде потврдено од ЕХФ. На Вардар му остануваат за играње и дуелите со ПИК Сегед и Порто на гости, како и двете претходно споменати средби со ПСЖ.

Корона блокада за Вардар: Без натпревари до крај на годината – има дури 12 позитивни!

Вардар нема да патува во Париз и Порто – пријави пет заразени ракометари!

Вардар и Елверум ќе играат пред Нова Година?