Ратинген на Ацо Јоновски победнички во новата сезона

Екипата на Ратинген на која е тренер Ацо Јоновски се подготвува за новатa сезона, а почетокот е ветувачки бидејќи тимот тргна со триумф на подготвителен турнир.

Ратинген триумфираше на Бергиш Ланд Купот кој за првпат се одржа во организација на екипата на Бергишер. Јоновски го водеше својот тим до четири победи на исто толку натпревари што беше доволно за победничкиот пехар на овој подготвителен турнир.

На првиот дуел Ратинген беше подобар од ривалот во првенството Коршенброjх со 24:19, а потоа го совладаа вториот тим на Бергишер (Бергишер У-23) со 21:18. Следуваше тешка победа над Тojтониjа со 20:19, a на последниот натпревар против Вупертал, тимот на Јоновски славеше убедливо со 22:14.

Ратинген и следната сеозона ќе се натпреварува во региoналната лига откако во борбата за пласман во Третата Бундес лига загуби во баражот од Тусем Есен 2.