Расте наградниот фонд во ЛШ, сумата стигна до 8,5 милиони евра

Европската ракометна федерација се пофали дека годинава ќе има рекордни бројки во однос на наградниот фонд кој е подготвен за екипите што ќе играат во Лигата на шампионите. Клубовите кои годинава играат и во двете конкуренции ќе заработат вкупно 8,5 милиони евра.

Споредено со фудбалот ова е смешна сума, но дефинитивно е напредок бидејќи во минатото наградите беа далеку помали и не се ни забележуваа. Сега сумата расте така што сè води кон подобри денови за ракометот.

„Неверојатно сме задоволни од почетокот на новата сезона. Не само што сме среќни бидејќи навивачите се враќаат во салите туку сме и горди што нудиме рекордни парични награди за клубовите. Во време на Ковид 19 ова е значајно достигнување особено после тешките години поминати во минатото. Нашите прогнози за сезоната која само што почна се многу позитивни. Имаме намер да бидеме домаќини на две големи ракометни забави“,вели Давид Шлезак, извршниот директор за маркетинг во ЕХФ.

Позната е и вкупната сума за награди за клубовите кои годинава ќе играат во европските купови. Собрано заедно за натпреварите во Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Европскиот куп, вкупната сума е 12 милиони евра.