Распродажбата во Келце траеше само еден ден! (ФОТО)

Се чини дека има светло на крајот од тунелот за полскиот шампион Келце, откако беше најавено дека неколку компании веќе се понудиле да вложат финансии.

Двомесечната акција за собирање на 560.000 евра се уште трае и се движи во посакуваната насока, а клубот и на разни други начини се обидува да ја полни касата.

Беа пуштени во продажба сезонски билети, иако не е јасно дали ќе се игра со публика од септември или не, а клубот продаваше дресови, маички и други реквизити по навистина ниски цени.

Акцијата беше планирана да трае четири дена, но навивачите за само еден ден ги купија сите артикли што беа на распродажба.