Раскинаа Мелсунген и Гомеш, Парондо нема да купува нов играч

Екипата на Мелсунген и репрезентативецот на Португалија, Андре Гомеш, спогодбено ја прекинаа соработката.

Од раководството на Мелсунген истакнаа дека левиот бек не успеал целосно да го искористи својот потенцијал во претходните две сезони.

Екс тренерот на Вардар, Роберто Гарсија Парондо, на левата бековска позиција го има на располагање само Јулиус Кун.

Спортскиот директор на Мелсунген, Михаел Алендорф, изјави дека клубот нема да купува нови играчи.

,,Со Гомеш се разделуваме и остануваме во добри односи. Заминувањето на Гомеш не значи дека сме принудени да бараме нови играчи. Имаме широк ростер, па така Елвир Јонсон може да игра и како лев бек и на таа позиција да формира дуо со Кун, додека новото засилување Ерик Баленсиага и Домагој Павловиќ ќе останат на средната бековска позиција”, коментираше Алендорф.

Мелсунген во минатата сезона заврши на 9. позиција во Бундес лигата.